„Боже, Грашо што направи?“ – Петар Грашо клекнат на колена, гризе нога на обожавателка!/ВИДЕО

275

Популарниот хрватскиот пејач Петар Грашо, клекнат на колена се обидува да ја гризне ногата од една негова обожавателка. Видеото од оваа помалку невообичаена сцена кружи на социјалните мрежи, а Грашо добива илјадници негативни коментари.

Не е познато кога е направена оваа снимка ниту за кој концерт се работи, но, многумина се прашуваа што ја предизвикало оваа ситуација помеѓу пејачот и обожавателката.

„Боже, Грашо што си направил?“, „Што направи? А зошто?“, „Што по ѓаволите?“, „Веројатно некој загриз што ќе го истетовира“, се само дел од коментарите кои корисниците на TikTok ги напишаа под објавата.

Видеото од необичната глетка брзо стана вирална сензација, но личноста која ја објавила набрзо ја отстранила објавата и повеќе не може да се најде на TikTok, каде што првично беше споделена. Но, некои од корисниците на социјалните мрежи сепак го сочувале видеото и тоа осамна на Јутјуб каналот.