Богојески од Аеродром: Гласот за 10-ка е за искористување на нашата последна шанса за достоен живот

31

Носителот на Македонски концепт во Изборна единица 1 Петар Богојески денеска се сретна со граѓаните од Општина Аеродром, од каде порача дека гласот за 10-ка е глас за искористување на нашата последна шанса за достоен живот.

Маката на граѓаните ја гледам во секоја нивна црта од изнемоштените лица. Нашиот народ веќе нема верба во државата. Доста ни е од импровизации со кои живееме веќе 30 години. Нашиот живот не е импровизација, да не дозволуваме други да ни го водат, затоа што граѓаните се тие кои ги трпат последиците, вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Македонски концепт, порача тој, е тука да ги слушне проблемите на граѓаните, и заедно со нивните сугестии да се реализираат политики кои ќе значат живот за секој граѓанин поединечно.

Живот во фер општество и граѓанска држава, држава во која приоритетите на граѓаните ќе бидат пред личните приоритети на политичарите, држава без етнички партии, слободни граѓани, правда и сигурност за секој еден, ефикасно здравство, образование, држава на народот, нагласи Богојески.

Граѓаните, продолжи тој, сакаат промени, и тоа промени кои ќе донесат подобар, достоинствен живот за нив и нивните најблиски.

Гласот за 10-ка е глас за промена, глас за одговарање за неисполнување на политички ветувања, за следење на имотот на политичарите, за пратеници кои ќе работат волонтерски, а не за плата, за проектот 1,5 милијарди евра за обештетување на граѓаните од процесот на транзиција. Да почнеме да ги менуваме нештата на подобро и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните, порача Богојески.

Извор:МИА