Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови со младинскиот репрезентативец на Црна Гора, Богдан Мијушковиќ.

Новото засилување во редовите на битолскиот клуб е 20-годишен лев бек кој доаѓа од словенечкиот прволигаш Добива.

„Мијушковиќ е еден од најголемите црногорски таленти на неговата позиција, а зад себе има настапи и на големи натпреварувања за својот национален тим“, соопшти Еурофарм Пелистер 2.

Црногорскиот лев бек веќе неколку денови тренира со екипата во Битола, а денеска и официјално ќе биде претставен откако ги мина задолжителните лекарски прегледи.