Богдановиќ: Користат железни колички за пазарење за да платат само еден час паркирање!/ВИДЕО

132

Пазарџиите од Зелен пазар веќе четири дена протестираат и го блокираат сообраќајот на дел до булеварот „Кирил и Методиј“. Тие бараат да се намали цената на паркингот од 70, на 40 денари или на 30 денари.

Според градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен пазар“ протестираат бидејќи им се скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

Тој на својата фејсбук-страница има видео од кое како што може да се забележи пазарџиите на крајот на работното време пред напуштање на паркиралиштето користат железни колички за пазарење кои сензорот ги препознава како возила и системот за нив автоматски печати билет. На тој начин тие наместо да платат за цел ден паркирање, тие плаќаат само за 1 час.

Во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен Пазар“ протестираат бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“.Како што може да се забележи на видеото, пазарџиите на крајот на работното време пред напуштање на паркиралиштето користат железни колички за пазарење кои сензорот ги препознава како возила и системот за нив автоматски печати билет. На тој начин тие наместо да платат за цел ден паркирање, тие плаќаат само за 1 час. Ова е само една од злоупотребите кои ги вршат пазарџиите. ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење.

Posted by Саша Богдановиќ on Thursday, January 16, 2020

– Ова е само една од злоупотребите кои ги вршат пазарџиите. Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење -потенцира Богдановиќ.

Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ потенцираат дека поголем дел од товарните возила на паркингот се користат за мобилна продажба, а останатиот дел пак, ги злоупотребуваат добиените повластени паркинг карти за вработени во деловен субјект кои служат за паркирање на автомобили, а не за товарни возила.