Богдановиќ и Петровски потпишаа Меморандум за соработка

92

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Специјалната олимпијада во Македонија, Љупчо Петровски.

-Нашата заедничка соработка и партнерство ќе овозможи инклузија на лицата со интелектуална попреченост, каде преку спортот и разни спортски активности, ќе влијаеме во подигнување на свесноста за овие лица и промоцијата на спортот и здравиот начин на живот-изјави Богдановиќ.

Тој истакна дека Општина Центар ќе обезбеди логистичка поддршка за успешна реализација на програмските активности на Специјалната олимпијада, како и заедничко спроведување на инклузивни настани, за поголема вклученост на лицата со интелектуална попреченост во спортот и спортските натпревари.