Богдановиќ: Доставете забелешки за решението на ул.”Орце Николов”

180

Погледнете го визуелниот приказ на решението за Ул. „Орце Николов“. Вашите забелешки и сугестии се добредојдени и можете да ги достави на https://bit.ly/2HjyBGq, објави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ на својот ФБ профил

 

 

Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег.

Да се стимулираат пешачките токови каде што ќе се даде приоритет на пешаците и ќе се зголеми нивната безбедност при движење по должина на улицата Орце Николов.

Да се воведат велосипедски ленти кои ќе овозможат поврзување на велосипедистите со останатите велосипедски патеки кои веќе постојат или се предвидени согласно Планот за развој на велосипедски патеки на Град Скопје и со тоа ќе им се даде соодветен простор на велосипедистите за нивно безбедно движење.

Детали на проектот
Во опфатот на сообраќајно-техничката документација влегува постојната состојба на мрежата на улицата Орце Николов во урбаната четврт Дебар Маало 1 и 2 и тоа со следниве граници на опфат: Од запад улица Рузвелтова Од исток бул. Св. Климент Охридски Дефинираниот простор за изработка на наведениот проектен документ зафаќа површина од 2,4 ха односно 23939,41м2.
ПОВРШИНА 23.939М²
Велосипедски патеки
Тротоари
Предметната локација е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени ГУП на Град Скопје (2012- 2022) донесен со одлука бр. 07-5068/1• од 03.12.2012 Изменување и дополнување на ДУП Градска Четврт „Дебар• Маало 1„ донесен со одлука бр. 07-9816/4 од 21.12.2012 година Изменување и дополнување на ДУП Градска Четврт „Дебар• Маало 2„ донесен со одлука бр. 07-3727/2 од 28.12.2009 година