Богдановиќ во посета на ООУ „11 Октомври“, Смилевски во градинката „Страшо Пинџур“

106

Основното училиште „11 Октомври“, на територијата на општина Центар денес го одбележува својот 67 патронат.

Во пресрет на големиот празник- 11 Октомври, ден кога се поставени темелите на македонската современа држава и по повод и по повод на Светската недела на детето, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ им беше гостин на децата во ООУ „11 Октомври“, каде на првачињата им подели танграми.

Исти вакви ќе добијат и сите останати првачиња од општинските основни училишта.

Општина Центар обезбеди танграми за сите 600 првачиња за оваа учебна година.

По повод патронатот на ЈОУДГ ,,11 Октомври” во детската градинка „Страшо Пинџур“ се одржа свечена приредба на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Тој на присутните и на дечињата им го честиташе патрониот празник, а во насока на одбележување на светската недела на детето посочи дека е потребно децата да бидат посветени на учењето и знаењето, да ги сакаат и почитуваат одителите, учителите и блиските, и да израснат во граѓани со кои општината Бутел ќе се гордее.