Украинскиот шаховски велемајстор, Станислав Богданович (27), е пронајден мртов во својот стан на улицата „Кастанаевска“ во Москва. Покрај него е пронајдено и телото на неговата девојка, 18-годишната Александра Вернигор, каде исто така имало и боци со азотоксид. Според првичната верзија, двојката се отрула од гасот за смеење.

Богданович беше вицешампион на Европа во шах за натпреварувачи до 12 години, а воедно и шампион на Украина до 18 години. Тој неодамна се натпреваруваше за репрезентацијата на Русија, по што доби закани од украинските медиуми, нарекувајќи го „предавник“.