Богат договор за Ибракадабра

93

Седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан, сака по секоја цена да ја продолжи соработката со шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ.

Легендарниот шведски фудбалер има договор со калчо гигантот до крајот на актуелната сезона, но клупските челници сакаат да ја продолжат соработката за уште една сезона.

Италијанските медиуми открија дека во следните неколку дена челниците на Милан ќе го информираат Ибракадабра дека ќе добие годишна плата од 7 мил. евра доколку остане на „Сан Сиро“ уште една сезона.

ИЗВОР: GOAL.COM