Богата културно-забавна програма овој викенд на Самрленд  

108

Во рамки на фестивалот „Суммерланд”во Градски Парк, викендов ќе се одржат неколку интересни настани и музички перформанси.

Вечерва, од 19:30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци. Од 21 часот Тhe music room ќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.

Во сабота пак, преку ден е предвидена детска програма. Од 17 влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18 часот посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22 часот, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена Јабука“. 

Во недела на Школка од 19 часот децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.