Кошаркарите на Блокотехна забележаа победа во драматична завршница против тимот на Работнички со 90:89, во натпревар од деветото коло oд Суперлигата.

Двата тима имаа свои минути на мечот, но на крајот на победата се радуваше Блокотехна, која со кош во последните секунди на Данило Мијатовиќ, дојде до целиот плен на овој дуел.

Најефикасен во победничкиот тим беше Фундербург со 31 поени, додека на спротивната страна Костов и Караџовски постигнаа по 20 коша.