Блинкен: Милорад Додик тргнал по авторитарниот пат на Путин

126
EPA-EFE/DANIEL IRUNGU

Нападите на Милорад Додик врз основните права и слободи во Република Српска покажуваат дека тој се наоѓа на авторитарниот пат на претседателот Путин, напиша денеска на Твитер, државниот секретар Ентони Блинкен. 

Додик е претседател на Република Српска, претставник на заедницата на босанските Срби во земјата и член на претседаталството на БиХ.

Тој додаде дека американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, продолжува да се залага за демократска и просперитетна иднина „која ја заслужуваат сите граѓани на Босна и Херцеговина.