Блинкен викендов на средба на Г7 во Ливерпул

41

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе присуствува на средбата на министри за надворешни работи и за развој на Г7која викендов ќе се одржи во Ливерпул, се вели во денешното соопштението потпишано од официјалниот претставник Нед Прајс.

Според него, државниот секретар очекува средби и дискусии со членките на Г7 како и со земјите поканети на настанот како Австралија, Индија, Република Кореја и членовите на Организацијата на југоисточни нации (АСЕАН).

-Блинкен ќе дискутира лепеза од прашања, вклучувајќи геополитички и одбранбени работи, трупањето на руските сили на границата со Украина, развојот преку иницијативата Повторна подобра изградба на светот (Б3В), Ковид-19 вакцини и светската здравствена безбедност, како и развојот на индопацифичкиот регион, соопшти Прајс.

По средбите во Ливерпул, Блинкен од 13 до 16 декември оди во дипломатска посета на Индонезија, Малезија и Тајланд каде ќе дискутира за значајноста на индопацифичкиот регион и партнерството на САД со овие земји.

-Секретарот го завршува патувањето во Хонолулу, Хаваи, каде се среќава со командантот на ИНДОПАКОМ, адмиралот Џон Аквилино, се вели во соопштението.