Поранешниот македонски ракометен шампион, тимот на Металург подготвува тим со кој наредата сезона ќе им биде конкурентен на Вардар и Еурофарм Пелистер во битката за титулата во домашниот шампионата. Тимот од „Автокоманда“ пред неколку дена ги продолжи договрите со тренерот Иван Марковаки и првата ѕвезда во тимот Хрватот Златко Хорват, но вистинската бомба пристигна од Франција.

Тамошните медиуми пушуват дека во тимот на Металург од следната сезона ќе заиграат двјаца француски ракометари. Станува збор за близнаците Оливие и Кевин Ниокас.

Преговорите за нивен трансфер се водени во претходните неколку недели, а француските медиуми објавија дека сите детали се договрени и следната недела Оливие и Кевин Ниокас би требало да потпишат за тимот и да имаа презентација.

Двата бека треба да потпишат двегодишен договор со клубот од Автокоманда, а доаѓаат на инсистирање на Марковски, кој одлично го познава францускиот пазар. Оливие Ниокас е соиграч на Кирил Лазаров во Нант, а неговиот брат Кевин настапува за Бенфика.