Фолк-ѕвездата Благоја Грујовски деновиве е во изолација, како и сите негови колеги од македонската естрада. Планираната турнеја по Австралија е експресно откажана, а за новите термини не се знае.
– Требаше уште пред десетина дена да заминеме кај нашинците на далечниот континент, јас и моите колеги Стојне Николовска, Бобан Мојсовски, Јане Рафаиловски, Мишел Трајковски, но сè се поремети. Авионите не летаат, а и нема потреба додека не исчезне вирусот. Мене ми е најважно здравјето, а парите потоа ќе се заработуваат, вели Грујовски за весникот ВЕЧЕР. – Велам, наместо кај кенгурите, така малку да се пошегувам, еве ме деновиве во Ростуша на пролетно скијање и санкање со семејството. И се дружам на пропишаното растојание со моите пријатели и фановите. Ме препознаваат, па ме канат и на по некоја ракиичка со салатичка.

=

Многу добро ми дојде овој непланиран одмор, само што доколку вака продолжи, се прашувам што ќе се прави понатаму со слободното време? Настапи немаме, а домашната финансиска заштеда се троши, мора да се јаде, да се одржува хигиената. Верувам во оној горе дека ќе ја нареди работата, дека коронавирусот со првите топли денови сосема ќе исчезне, па да му се вратиме на животот. Секако, освестени почитувајќи се меѓу себе како луѓе. Ова дојде како некоја опомена да си ставиме прст на чело, да се запрашаме што правиме?! Д. Миќиќ