Благодарници и дипломи за учесниците во проектот „Ментална хигиена за деца во претшколска возраст“

58

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска во објектот „Пепелашка“ на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“, со раководителката на Секторот за јавни дејности на општината, Јагода Јанковска, доделија благодарници и дипломи за учесниците во проектот „Ментална хигиена за деца во претшколска возраст“.

Како што информираат од Општина Центар, овој проект имаше за цел да ги обучи и едуцира воспитувачките во центарските градинки за важноста и потребата од правилната ментална хигиена и здравиот развој на децата кои секојдневно престојуваат таму.