-Не, не! Не сменив професија. Се работи само за роденденско разубавување со моја асистенција на нашата медена. Бевме на фризер, а јас таму ѝ ја дотерував фризурата. Вака вели Сузана Турунџиева успешна пејачка, актерка, водителка и писателка по повод 57. роденден на веќе сега славната Атиџе.

Сузана на Атиџе во еден скопски ресторан ѝ приреди вистински празник, бидејќи самата никогаш во својот скромен живот Муратова тоа го нема доживеано. Затоа Турунџиева порачува:

-Кога некој првпат во животот слави роденден и првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тридневно славење.
Инаку, Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова во последно време постојано се заедно и многу често објавуваат заеднички слики, како и овие роденденски со тортата пеејќи ја познатата песна ““Happy Birthday To You“  Д.М.