Благодарение на граматичките грешки, денес се милијардери

110

Претприемачите по потекло од Украина, Макс Литвин и Алекс Шевченко, станаа милијардери благодарение на одличното познавање на граматиката.

Во 2009 година, со помош на програмерот Дмитриј Лидер, тие ја смислија Grammarly – помошна алатка која ги коригира вашите граматички грешки.

Според Pitchbook, околу 22 отсто од Grammarly е во сопственост на инвеститори кои ја поддржале идејата со своите донации.

Дмитро Лидер има само еден процент удел, што значи дека Литвин и Шевченко имаат 35 отсто од капиталот, односно секој од нив е „тежок“ по околу 4 милијарди долари, според Форбс.

Компанијата со седиште во Сан Франциско беше лансирана пред 12 години под името Sentenceworks, како производ дизајниран да им помогне на студентите со граматиката и правописот, а за да го користат треба да се претплатите.

Тие напредуваа со текот на времето, а Grammarly денес е многу корисна алатка за елиминирање на граматичките грешки во мејловите, документите итн.

Компанијата, исто така, објави спин-оф производи како што е Grammarly for Business, програма која се користи за проверка на граматиката за корпоративна употреба. Меѓу нивните клиенти се и големите корпорации како што се Zoom, Dell, Cisco и Expedia.

Клучниот производ на компанијата е бесплатната верзија на Grammarly, која постои од 2015 година, со можност за купување на напредна верзија, по цена од 12 до 30 долари месечно.

Компанијата тврди дека има 30 милиони корисници дневно, на повеќе од 500.000 апликации и веб-страници, вклучувајќи бројни веб-прелистувачи, апликации за е-пошта, социјални мрежи и Microsoft Word.

Grammarly не е единствената компанија што двајцата Украинци ја основале заедно.

Литвин и Шевченко се запознале на колеџ. Идејата за Grammarly потекнува од нивниот претходен потфат од студентските денови – MyDropBox.

Овој производ е дизајниран да ги спречи студентите да ги плагијат нивните семинарски и дипломски трудови.

Литвин и Шевченко сега живеат во Ванкувер, а нивната компанија има канцеларии во Сан Франциско, Ванкувер и Киев.

www.thescotfree.com