Во Токио е уапсен благајник кој наводно го користел своето „фотографско паметење“, за да краде податоци од кредитни картички на купувачите, објави СиЕнЕн. Тој успеал да запомни податоци на дури 1.300 купувачи и крадел пари од нивните картички.

Засега неидентификуваниот маж, работел скратено работно време во шопинг-центар. Откако ќе ја обработел нивната нарачка, ќе ги запомнел потребните информации и ќе ги запишел, а подоцна ги користел за да купува на интернет.

Бил фатен минатата седмица, откако со туѓа картичка преку интернет купил чанта вредна 2.600 долари, јави Си-Eн-Eн.

Полицијата го уапсила е ставен во притвор.