Би-Би-Си: Повеќе 60 лица загинаа во зимското невреме во САД, во тек е идентификација

43

Повеќе од 60 луѓе досега загинаа во силната зимска бура што ги зафати САД, јави Би-Би-Си.

Повеќето од жртвите се во округот Ири во државата Њујорк, каде се наоѓа вториот по големина град во државата Бафало. Во тек е идентификација на десетици жртви кои ги загубија животите во зимското невреме во САД.

Жртвите биле пронајдени во нивните автомобили или на студениот тротоар, па дури и во нивните домови.