Би-Би-Си објави дека нивен новинар е уапсен и претепан во Шангај

80

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си денеска објави дека кинеската полиција нападнала и привела еден од нивните новинари кој известувал за протестите во Шангај, но дека тој бил ослободен неколку часа подоцна.

„Би-Би-Си е крајно загрижен за односот кон нашиот новинар Ед Лоренс, кој беше уапсен, му беа ставени со лисици на рацете додека известуваше од протестите во Шангај“, изјави портпаролот на британскиот јавен сервис, пренесе Ројтерс.

Се додава дека тој бил задржан неколку часа во притвор пред да биде ослободен.

„При апсењето полицијата го претепа. Сето ова се случуваше, иако тој имаше акредитација“, додаде портпаролот.

Британскиот јавен радиодифузен сервис наведува дека не добил официјално објаснување за приведувањето на новинарот.