Би-би-си за државата со ново име!

205

Британскиот медиумски сервис Би-би-си се осврна на евровизискиот настап на Тамара во написот насловен „Пет лекции научени од Евровизија 2019“.

– Под условите на новиот договор постигнат со Грција минатата година, на државата претходно позната како Поранешната Југословенска Република Македонија ѝ беше дозволено да си даде ново име. Благодарение на импресивниот настап на Тамара Тодевска, сега многу повеќе луѓе низ светот знаат дека името е Северна Македонија – се наведува во анализата на Би-би-си.

Слични написи по повод „Евровизија“, под насловот „Зошто Македонија се нарекува Северна Македонија?“, имаа(т) и британските весници „Мирор“и „Експрес“.