Битолски театар со „Бакхи – краток преглед на распадот“ на фестивал во Суботица

423

Претставата „Бакхи –краток преглед на распадот“ во режија на Игор Вук Торбица, а во продукција на Народниот театар-Битола на 28 ноември ќе гостува во Суботица на Desire Central station фестивалот.

„Ова е уште еднa потврдa дека правиме претстави во кои се говори за работи кои се релевантни во контекстот во кој денес живееме. Нашата претстава ‘Бакхи – краток преглед на распадот’ која беше прогласена за најдобро уметничко остварување на МТФ ‘Војдан Чернодрински’, повторно е на пат. Добивме и добиваме покани за гостување од секаде, некои не успеавме да ги реализираме немајќи термини (но ги оставаме за в година), но една дестинација никако не смееме да ја прескокнеме. Гостуваме на можеби најквалитетниот театарски фестивал во регионот, Desire Central Station во Суботица. Во друштво сме со најинтересните остварувања, театри и режисери од регионот како што се Јозеф Наѓ, Златко Паковиќ, Андраш Урбан, Словенско младинско гледалишче, Зетски Дом, Сомборскиот театар…“, вели Иван Јерчиќ, директорот на Народниот театар Битола. Во претставата, која ќе се изведе во 19 часот, на сцената Јадран настапуваат Маја Андоновска-Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова…

Премиерно претставата беше изведена на 9 мај годинава и досега гостуваше на повеќе фестивали како МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Охридско лето, Будва град театар, МОТ-Скопје.