Биткоинот денеска достигна рекордна цена надминувајќи ја границата од 65 илјади американски долари.

Криптовалутата го надмима претходниот максимум од 64.889 долари од април годинава.

За 24 часа, вредноста на криптовалутата се зголеми за 4,2% и сега биткоинот се продава за 65.607 долари, јави Coindesk.

Растот на вредноста на биткоинот следуваше откако вчера е покренато првото берзанско тргување со биткоин футуресите.