Битиќи – Спајиќ: Јавните финансии во функција на граѓаните, поддршка за компаниите, нови инвестиции и повисоки плати

37

Привлекување нови инвестиции, подобрување на животниот стандард преку раст на платите и поддршка за компаниите во услови на корона кирза, беа главните теми на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и црногорскиот министер за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ.

На средбата реализирана во рамки на официјалната посета на Битиќи на Црна Гора, соговорниците се согласија дека Западен Балкан има голема шанса во пост КОВИД периодот да биде препознаен како атрактивен регион за нови инвестиции на компании од регионот, но и на големите меѓународни корпорации поради близината до земјите од ЕУ и поради тековните процеси. со што ќе се подигне конкурентноста.

Според Битиќи и Спајиќ, покачувањето на минималната плата влијае на подигнување на животниот стандард на граѓаните и на зголемување на сите плати во стопанството.

Во текот на разговорот Битиќи нагласи дека изминатите четири години Владата на Република Северна Македонија во инклузивен дијалог со синдикатите и стопанските комори успеа да ја зголеми минималната плата за околу 56 отсто. Инклузивноста и транспарентноста, оцени, е процес што се применува при носење на сите стратегии, политики, програми и мерки, во насока на нивна ефикасност и ефективност.

Како што соопшти Кабинетот на Битиќи, на состанокот се разменија и искуства за поддршката на стопанството и граѓаните за време на КОВИД кризата. Буџетите на државите, беше речено, се ставија во функција на поддршка на здравствениот систем и на одржување на ликвидноста на стопанството, како и на задржување на работните места, но и на развојни проекти за забрзано пост КОВИД опоравување.

Министерот Спајиќ го информираше вицепремиерот Битиќи за програмата „Европа сега“ и со сите бенефити кои што ќе ги добијат граѓаните со реализација на оваа програма.

На состанокот се констатираа одличните односи помеѓу двете земји и беше искажана недвосмислена определба за натамошно продлабочување на соработката на сите нивоа.