Битиќи: Владата е подготвена за минимална плата од 18 000, потребен е договор на сите социјалните партнери

39

Сметам дека, при решавање на економските предизвици, пристапот е првенствено важен, а ние го промовиравме социјалниот дијалог како клучен. Затоа ќе имаме состанок за три дена, пред се со преставници на синдикатите, на повеќе теми, но и за минималната плата. Секое едно решение за работниците и за работодавачите, преку конструктивен дијалог, не може да нема резултат. До пред неколку години немавме никаков дијалог, власта сама одлучуваше за сите прашања во економијата. Дали ќе имаме плата од 18 илјади? Да, ќе има. Кога? Кога ќе имаме заедничка одлука на сите чинители, на сите социјални партнери, а тоа ќе го постигнеме само ако дискутираме“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во „Топ тема“ на телевизија Телма.

„Уште еднаш потврдувам, дека минимална плата од 18 000 денари ќе имаме. Но, барањата на синдикатите не е само зголемување на минималната плата, туку и уделот на минималната во просечната плата, тој процент бил, сега, со неколкуте зголемувања на минималната е дојден до 52 отсто, но уделот на минималната во просечната плата ќе стигне до 58 отсто удел откако сега ќе се зголеми на 18 000 денари. Во нашата програма до 2024 година, минималната плата ќе се зголеми уште еднаш и ќе стигнеме до тие речиси 60 отсто удел на што инсистира и Сојузот на синдикати“, потврди Битиќи.