Битиќи – Брегу: Да се искористи моментумот за унапредување на регионалната економска соработка

35

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, на која било разговарано за унапредувањето на економската соработка на земјите од Западен Балкан.

Битиќи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата со Брегу, посочил дека еден од најважните приоритети на Владата во овој мандат, ќе биде унапредување на економската соработка со земјите од регионот и подигнувањето на конкурентноста на регионот во целина.

 

– Да работиме заеднички за да ја искористиме конкурентската предност што секоја од земјите од Западен Балкан ја добива со взаемната соработка. Да го искористиме овој моментум од КОВИД-19 кој создаде итност и силна потреба за делување во насока на регионална соработка, и да го искористиме за заедно како регион посилни влеземе во пост-ковид економскиот период, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Битиќи и Брегу, исто така, се согласиле дека соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот за регионална соработка ќе продолжи и понатаму, за економски развој на земјите и  регионот, како еден од најважните елементи во евро-интеграцискиот процес