Изучувањето и пеењето на химната се дел од наставните програми за прво одделение по наставните предмети Општество и Музичко образование. Во петто одделение учениците преку интегрирани активности по Општество, Музичко и Ликовно образование „ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија” (наставна програама од 2008 година),  велат од Бирото за развој на образованието.

 

„Во сите наставни програми за музичко образование и во претходните наставни програми и во новите наставни програми во општите цели за наставниот предмет стои: ученикот/ученичката да пее песни со разновидна мелодиска линија и во конкретните цели (за одделни наставни часови) да пее песни различни по карактер и содржина на македонски јазик и јазиците на народите кои живеат во нашата земја, што остава слобода на наставникот во зависност од контекстот, времето на изведување на наставата, корелацијата со други предмети (поврзано со државни празници, патронати…) да ја изведува со учениците химната на државата и/или други свечени песни.

Значи химната, како и досега, и натаму се изучува во основното училиште и се изведува кога тоа го бара наставната програма или во различни свечени пригоди во училиштата“.

Бирото за развој на образованието исто така информира дека во новите наставни програми по наставниот предмет Музичко образование за шесто, седмо, осмо и деветто оддлеение застапен е мултиетничкиот карактер на македонското опшштество, учениците да слушаат и учат македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки, босански песни, да учат за сопствената, но и за културата, традициите и обичаите на другите.