Рачно направена кожна чанта на модната куќа „Хермес“, која името го добила по актерката Џејн Биркин, повеќе од 20 години е статусни симбол. Цената на легендарната чанта варира од материјалот од кој е направена и е во распон од 9 и 150 илјада долари.
Интересна е и приказната како се започнало. Во 1981, на релацијата Париз-Лондон, извршниот директор Жан Луј Дума седел покрај актерката и пеачка Џејн Биркин. Таа ја сместила својата сламена чанта во преградата над главата, но од неа одеднаш се испаднало и таа се пожалила дека со години не може да најде соодветна кожна викенд чанта. Две години потоа Жан Луј за Џејн креирал чанта која се базира на модел од дури 1892.
Овие чанти кои добија статус на икона, поминуваат низ процес на изработка кој е испланиран во детали, па така купувачот не ја плаќа само чантата туку и рачната изработка. Секоја чанта е направена во согласност со различни идеи на купецот – неависно дали е од кожата на гуштер, крокодил, ној или телешка, цената зависи од овие карактеристики.
Интересно е што помалите чанти се поскапи од поголемите?! Секоја има брава и клуче. Внатрешноста е обложена со јагнешка или козја кожа. На крајот се става Хермес логото и кодот на мајсторот. За изработка на една чанта потребни се до четири дена, а списокот на чекање во еден момент достигнал и шест години!