Играчите на Црвена ѕвезда ја освоија вечерва титулата кошаркарски шампион на Србија, по триумфот со 3:1 над Партизан во финалната серија на Суперлигата .

Звезда го освои натпреварот бр.4 со 76:75, со кошот на Били Берон во последната секунда.

За „црвено-белите“ ова е петта титула во кошаркарскиот шампионат на Србија. За тимот ова е 20-ти трофеј.

Берон со 21 поен беше најефикасен за Звезда, Дејан Давидовац даде 13, а за Партизан по 11 постигнаа Алекс Ренфро и Ѓорѓе Гагиќ.