Били Ајлиш ќе ја пее насловната песна во најновото продолжение на филмот за Џејмс Бонд

239

Песната за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд „Нема време за умирање“, (No time to die) ќе ја пее апериканскара поп пејачка Били Ајлиш.

„Били Ајлиш ја компонираше песната со својот брат Финес и ќе стане најмладиот музичар во историјата, што ја снимила насловната нумера за филмот за Џејмс Бонд“, се наведува во коментарот на официјалната страница на франшизата.

Ајлиш оваа информација ја објави на својот профил на Instagram со логото на 007.

https://www.instagram.com/p/B7TlTtVF8zD/?utm_source=ig_embed

Таа моментално важи за една од најголемите музички ѕвезди. Зад себе има еден албум и многу награди.

Инаку, авторите и изведувачите на композициите за филмовите за Џејмс Бонд често ги освојуваат Оскарите. На Адел ѝ беше доделена златната статуетка за филмот „007: Скајфол“, а Џими Нејпс и Сем Смит за саундракот „007: Спектрум“.