Тимовите на Сан Франциско и Канзас Сити ќе ги одмерат силите во Суперболот во  Мајами на 3 февруари, а за повеќето смртници, шансата да го следат натпреварот во живо поминува преку склучување на договор за хипотека.

На овогодишниот Супербол се пласираа два тима чии навивачи одамна не ги виделе како шампиони. Сан Франциско последен пат го крена трофејот Винс Ломбарди во 1995 година (на истиот стадион), додека Канзас Сити никогаш не го сторил тоа. При нивната титула во 1970 година, шампионскиот трофеј сè уште не е именуван.

Поради оваа причина, шпекулантите гледаат во навивачите на Канзас вистинска „крава за молзење“. Сепак, малкумина се подготвени да преземат ризик и да се обложат дека ќе преживеат нова пауза од половина век. Додека навивачите на Сан Франциско се меѓу најбогатите во Америка и, соодветно, подготвени да дадат повеќе пари за да го следат својот омилен тим.

Во моментов, билетите се продаваат по цена од 8.000 американски долари. Најевтините се по цена од 3.995 долари, а достапно е и плаќање на 12 месечни рати. Што ги прави поскапи за 28,5 отсто.

Најскапите седишта се зад клупата на Сан Франциско. Повеќето билети за централните три сектори се продаваат по цена од 13.440 и 16.800 долари, но  започнаа да се појавуваат и понуди од 24.000 долари.