Полицијата од Лорето, Тенеси ги замоли локалните жители да не ја фрлаат дрогата во тоалетните школки, затоа што на тој начин, патките, гуските, но и алигаторите можат да станат опасни за околината.

Предупредувањето е издадено минатиот викенд после претресот на домот на осомничен кој се обидел да ја фрли дрогата метамфетамин во тоалетната школка кога полицијата упаднала во неговиот дом.

„Ве молиме да не ја фрлате дрогата во вашите тоалетни школки“, порача полицијата од градот Лорето на Твитер.

 

„Кога фрлате некои работи во канализацијата, мора да знаете дека тие, пред да се вратат во реките, завршуваат во нашите вештачки езера. Патките, гуските и останатите животни најчесто ги користат овие езера, а ние стравуваме како тие животни би се однесувале кога би конзумирале метамфетамин. Наскоро во реките би можеле да имаме дрогирани алигатори“, стои во соопштението.