БИЗАРНА ДОНАЦИЈА: Руските вдовици останаа без мажи, па во замена добија бунди!/ВИДЕО

429
Твитер скриншот

Додека се води жестока војна меѓу Русија и Украина во која војниците од двете страни умираат, британскиот весник Мирор пишува дека вдовиците на руските борци убиени во Украина добиваат бунди донирани од добавувач од главниот град на Русија.

Имено, објавено е видео на кое се гледа како им се предава облека на жените во Макеевка, во областа Доњецк окупирана од Русите.

Мирослава Регинскаја, која ги организираше донациите, рече дека е донесена одлука бундите да им се дадат на жените чии сопрузи го нападнале Донбас.

– Бунди добија 21 вдовица на нашите загинати бранители, рече 29-годишната жена.

Меѓу оние жени кои ги примија беше и Наталија Денисјук, вдовицата на Јуриј Денисјук (35).

На видеото може да се слушне како жените му се заблагодаруваат на Евгениј Скрипник, соработник на Игор „Стрелков“ Гиркин за бундите.

Гиркин е осуден воен злосторник и поранешен министер за одбрана на таканаречената Доњецка Народна Република, кој беше во брак со Регинскаја.

„Денеска добивме неочекувана помош. Многу сум благодарна“, рекла една жена.

„Овде се собраа семејства на паднати борци, ви благодарам од сѐ срце“, рече друга жена.