„Бидете обземени од Албанија“ – туристичка реклама која предизвикува контроверзи на интернет/Видео

130

Новата на туристичка кампања на албската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет.

Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна алузија на филмот „Taken“, која според многумина е и збунувачка.

Во филмот Нисон глуми агент на ЦИА чија ќерка е киднапирана од албански криумчари и криминалци.

Креаторите на видеото и директно му се обраќаат на Нисон, користејќи реплики од филмот, и повикувајќи го да ја посети Албанија и да биде обземен од нејзините убавини.