Бидете внимателни – Нечист клима уред може да предизвика астма и алергија

150

Ова е период од годината кога клима уредите се најопасни. Еве и зошто! Високите температури со себе носат и константно користење на клима уредите. Но, дали некогаш сте се запрашале што се има во климите кои не се исчистени?

Климите кои не се чистат редовно задржуваат алергени и бактерии преку кои може да се пренесат разни болести, не само респираторни туку и цревни. Астматичарите и лицата кои имаат проблме со дишењето може да имаат силни алергиски реакции, а не ретко се јавуваат и промени на кожата кои можат да бидат во поблага форма, но и многу интензивни.

Покрај алергените, вирусите и баклтериите, треба да се внимава и на разликата во температурата меѓу разладениот простор и надворешните високи температури. Секогаш имајте на ум дека разликата не би смеела да биде поголема од седум степени!

Ако климата редовбо не ја одржувате и не ја чистите, ризикувате инфекција со бактеријата „легионела пнеумофилија“ која предизвикува легионерска болест. Таа бактерија предизвикува тешко воспаление на белите дробови кое може да биде и смртоносно. Се пренесува преку капка, низ честичките вода од клима уредот, фонтаните, ледоматите и сл.

Покрај легонелка, од климите може да „соберете“ и коксаки вирус познат како предизвикувач на болести од нечисти раце, кој може да се насели и во клима уредите.

Симптомите на болеста се слични на обична настинка, со висока температура. Проблемот е што овој вирус тешко може да се препознае, многу е отпорен и може долго да се задржи во организмот.

Зато, неопходно е клима уредите редовно да се одржуваат и филтерот да биде исчистен, особено пред првото вклучување по подолг период.