Бивш банкар тужи банка, не станал директор па бара отштета од 100 милиони евра

120

Италијанскиoт банкар Андреа Орчел поднел тужба против шпанската банка Сантандер со барање за отштета во висина од 100 милиони евра, пренесува Ројтерс.

Имено, таа банка се откажала од понудата да го вработи како главен извршен директор, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со настанот.

Банката ја повлекла понудата со образложение дека нема да може да ги исполни очекувањата на италијанскиот банкар во врска со платата, што според оценката на Ројтерс е невообичаен пресврт кога се работи за поставување на највисоките банкарски позиции.

Во Сантандер банката одбиле да дадат коментар за Ројтерс, а Орчел, кој е поранешен банкар од УБС банката и неговиот правен застапник не се достапни за коментар.