Руската манекенка Ирина Шајк постојано ги шармира своите фанови со провокативни фотографии на социјалните мрежи, при секој нејзин работен ангажман.

Поранешната девојка на Кристијано Роналдо овој пат рекламираше долна облека од брендот на пејачката Ријана, а тоа не остана незабележано кај многубројните фанови на Ирина.

Рускиот супермодел не криеше речиси ништо од нејзините совршени атрибути, а фотографиите што се појавија на нејзиниот инстаграм-профил добија речиси 60.000 лајкови од 4,4 милиони следбеници на социјалната мрежа.