Македонската кошаркарска федерација доби писмо од страна на раководството на Балканска лига за учество на заинтересираните клубови во следното издание на БИБЛ-лигата, односно сезоната 2020/2021.

Во предлог-понудата до КФСМ стои дека менаџментот на БИБЛ лигата планира нов натпреварувачки систем, а во исто време и унапредени финансиски услови за клубовите кои ќе испратат пријава за учество во сезоната 2020/2021.

Генералната идеја е во наредната сезона да има по два тима од следните земји: Македонија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, или од уште некоја балканска држава.

  • Во зависност од бројот на пријавените екипи, планирано е лигашко натпреварување со учество на осум или десет клубови. Регистрациите за пријава, и настап во ова натпреварување кое ќе се одвива во периодот од октомври 2020, до април 2021 година, ќе бидат испратени во текот на овој месец на адресата на канцеларијата на КФСМ, која треба да ги потврди клубовите-учесници од нашата земја, соопштија од КФСМ.