Бејзбол клубот Кливленд Индијанс објави дека навивачите повеќе нема да смеат да се маскираат во Индијанци, со цел да се борат против расизмот.

Клубот соопшти дека навивачите кои нема да ја почитуваат таквата одлука можат да бидат исфрлени од стадионот.

  • Несоодветни или навредливи слики, зборови, облека или боја на лицето мора да бидат покриени или отстранети, објави клубот на својата веб-страница.

Кливленд го одигра првиот натпревар на својот стадион во понеделникот, во рамки на новата сезона во МЛБ-лигата, против Канзас Сити Ројалс.

Во декември минатата година, клубот од Охајо објави дека ќе го смени името Индијанс, откако јавноста беше се погласна против ваквото име на американските домородци.