Бејби-фудбалери како милионски бизнис

55

Секоја година помеѓу 14.000 и 15.000 дева ги напуштаат земјите од Западна Африка сонувајќи дека еден ден ќе бидат познати фудбалери во Европа. За жал, статистиката јасно покажува дека за многу мал број на деца тој сон станува реалност.

Овој проблем беше детално анализиран во специјаната серија на телевизијата „РАИ 3“, со има „Човечки фактор“. Според документите кои беа прикажани во емисијата, најголемиот број на деца, кои сонуваат за успешна фудбалска кариера, се оставени сами на себе, напуштени во европските градови, исто како и О.В кој по потекло е од Сенегал.

Неговите родители на посредниците им исплатиле околу 9.000 евра, а истите тие посредници им ветиле дека од нивниот син ќе направат голема фудбалска ѕвезда. Детето после неколку месеци заврши сам на улица.

За да се стави крај на таа пракса, која се шири со невидена брзини и која врти милиони евра, Светската фудбалска федерација (ФИФА) воведе забрана за трансфер на млади, потенцијални фудбалери од еден континент на друг континент.

Сепак, младинските тимови во Европа се полни со малолетни фудбалери кои се донесени од Африка во Европа, избегнувајќи ги строгите правила на ФИФА.

Во Италија има многу такви примери, а пред неколку јена, обвинителството во Фиренца поднесе обвинение против сопственикот на клубот кој пред неколку месеци го ангажирал малолетниот Кристијан Куаме, кој денеска игра за Фиорентина. Кристијан бил донесен од Брегот на Слоновата Коска, а од неговата препродажба како фудбалер, клупскиот сопственик, според обвинението, има заработено милион евра.

Истрага за бејби-фудбалерите е отворена и во фудбалските клубови Парма, Прато и Ла Специја. ФИФА веќе го казни сопственикот на фудбалскиот клуб Ла Специја со 500 евра и забрана за купувања или разменување на фудбалери во следните две години.