Бешлин: Пописот во 2021 година може да стане скалило кон исчезнувањето на Црна Гора

91

Пописот на насеелнието во Црна Гора, што е најавен за следната година, е новата клучна тема со која владата во заминување и поединци се обидуваат да ги заплашат граѓаните тврдејќи дека Србија има намера да го зголеми бројот на Срби во регионот и дека на Црна Гора практично и се заканува исчезнување.

Ова е едно од тврдењата на историчарот Миливоје Бешлин, кој за радио „Антена М“ од Подгорица изјави дека „прашањето за Србите во регионот, а особено во Црна Гора, е главна тема во Србија во изминатата година“ и дека официјален Белград, како што тврди, за време на претстојниот попис ќе биде многу активен, како што беше за време на парламентарните избори, со цел да се зголеми бројот на Србите во Црна Гора.

-Очекувам дека Србија ќе биде многу активна кога станува збор за пописот во Црна Гора и не само во Црна Гора, туку и во регионот …. Нема тајна дека Вучиќ, неговите министри, Додик, опозициските лидери, медиумите, и на режимот и на опозицијата, влијателни националистички интелектуалци – сите се фокусирани на тој попис, рече Бешлин.

Целта, вели тој, е јасна – да се зголеми бројот на Србите, а да се намали бројот на Црногорците.

А во прилог на тоа, сигурен е Бешлин, ќе им оди и фактот дека тој план веќе го реализираа во Србија, каде што, како што тврди, од 1991 до 2011 година бројот на Црногорците се намали за десет пати .

-На крајот, целта е да се уништи државноста на Црна Гора, така што Србија ќе има пристап до морето, рече Бешлин.