Повозрасните љубители на бодибилдингот добро знаат која е Денис Рутковски.

Популарната „Златната пантерка“ ги мамеше воздишките на машката популација во деведесетите години. Почна да се занимава со бодибилдинг во 1988 година, а пет години подоцна го освoи второто место на натпреварувањето Мис Олимпија.

Меѓутоа, второто место наместо дополнително да ја инспирира за наредните натпреварувања, значеше почеток на крај од кариерата. Денис престана да се натпреварува, се врати дома во Тексас и се запиша на библискиот институт. До 1996 година патуваше низ Америка и го ширеше евангелието.

Беше уапсена двапати во 2012 и 2014 година, а тогаш беше отриено и дека големото количество на стероиди што го земала и нанеле голема штета. Денис Рутковски стaна зависна од дрога во комбинација со биполарно пореметување. Поранешната шампионка денеска е наркоманка, а поради стероидите има брада и мустаќи.