Беше пеколен играч, плус ми го скрши носот

80

Во последното интервју кое го даде за клупската телевизија, легендарниот крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, откри кои му биле најтешки противници во неговата богата фудбалска кариера.

Актуелниот селектот на Велс одигра 927 натпревари за „црвените ѓаволи“, на кои постигна 161 погодок и запиша 247 асистенции. Со Јунајтед освои 13 шампионски титули, два пати славеше во Лигата на шампиони и по четри пати славеше во англискиот ФА куп и Лига куп. Иако во кариерата има играно против многу големи фудбалери, Гигс изненади со изборот за најтежок противник против кого има играно.

  • Најнезгодниот играч против кого имам играно е Хавиер Занети. Можеше да трча со денови, а беше многу силен на топка. Имаше се како дефанзивец, а знаеше се со топката затоа што често пати играше и во средниот ред. Беше пеколно тешко против него, а во еден дуел ми ги скрши и носот, откри Гигс кој два пати играл против тимот на аргентинскиот интернационалец Интер и тоа во 1999 и 2009 година.

Гигс потоа ги прокоментира најдобрите тимски колеги за време на неговиот 24-годишен престој на „Олд Трафорд“.

  • Кристијано Роналдо беше малку време со нас, но веднаш се виде колку е добар. Беше фантастичен, а беше уште подобра во Реал (М) отколку во Јунајтед. Сепак, Пол Сколс беше најдобриот мој тимски колега. За време на тренинзите беше невозможно добар, никој не му беше ниту блиску. Ако беше издриблан, или ако некој му продадеше некаква финта, тој тоа не му го забораваше и сигурно ќе му вратеше. Можеби не на истиот тренинг, или неколку дена подоцна, но ќе му вратеше и после шест месеци. Мозокот му работеше поврзо во споредба со останатите, а беше невидено чврст. Тешко дека можеше некого да промаши кога додаваше, откри Гигс.