Беше опседнат со лесни женски и затоа не успеавме

181

Атрактивната италијанска водителка, Мануела Ферера, беше гостинка во познатото шоу „Тики-Така“ и за време на своето гостување откри каков и бил односот со најголемата ѕвезда во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо и каква и била љубовната врска со аргентинскиот интернационалец, Гонзало Игуаин.

Со Португалецот, како што кажува, разменила неколку пораки, а со поранешниот напаѓач на „старата дама“ имала нешто повеќе.

  • Бев со Игуаин. Не бевме службено во некаква љубовна врска, но се дружевме неколку месеци. Зошто не успеа нашата врска? Затоа што Гонзало сака лесни жени. Беше опседнат со лесни жени. Тоа се случи додека го носеше дресот на Милан, откри Мануела.

Кога е во прашање односот со капитенот на фудбалската репрезентација на Португалија, Ферера откри дека немало ништо посериозно.

  • Ништо немаше со него. Ми има испратено само една порака, сакаше нешто да ми честита. Јас многу го почитувам Роналдо, откри Мануела.

Благодарение на Кристијано Роналдо, кој постигна еден погодок во триумфот на над Наполи од 2:0, тимот на Јувентус го го освои трофејот во италијанскиот Суперкуп, додека неговиот поранешен тимски колега, Гонзало Игуаин, веќе неколку месеци настапува во американската МЛС лига.