Рони Колман (56) е синоним за бодибилдинг. Дури осумпати беше Мистер Олимпија, односно прогласуван за најсилниот човек во светот. На оваа листа го надмина и „Терминатор“– Арнолд Шварценигер, но начинот на живот го доведе до тоа денеска да не може самостално да оди.

Стероидите, другите супсанци, неадекватна исхрана… сето ова доведе до големи здравствени проблеми. Колман долги години се мачеше со болки во колената. Имаше три операции на кои потроши повеќе од два милиони долари, но и ова не вредеше

Извесно време не можеше ниту да стои на нозе, а камоли да оди.

-Операциите не поминаа како што требаше. Не ми е лесно, секоја е тешка и чинеше околу половина милион долари. И покрај сите напори на лекарите, јас се уште не можам сам да станам. Но, нема да се предадам, ќе се борам со ваша поддршка, се обрати Коман на друштвената мрежа „Инстаграм“