Бетмени и Супермени ќе им делат подароци на децата во Детската клиника

227

Утре во 12 часот, Тимот за спасувања на планина на Црвениот Крст на Град Скопје ќе дели подароци и насмевки за децата хоспитализирани во Детската Клиника.

Волонтерите ќе бидаат облечени во костуми на детските херои Бетмен и Супермен и ќе се спуштат од кровот на Детската клиника со јажиња.

Барем малце да им се олесни престојот и тежината која што ја носаат на своите плешки, и тие и нивните семејства.