Бесплатно собирање на кабаст отпад во општина Кисела Вода

230

Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди на територијата на Општина Кисела Вода.

– Уште еднаш, сакаме да ги потсетиме сите жители од овој дел од градот дека услугата за собирање на отпад можат да ја побараат на телефонскиот број 072/313-331, секој работен ден, во периодот од 8 до 16 часот, заклучно со 15 октомври – велат од Општината.

Собирањето и транспортот на кабастиот отпадот, општина Кисела Вода ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните.

Со цел заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид-19, работниците кои се вклучени во акцијата, активностите ги вршат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство.