Бесплатно пиво за сите што ќе се вакцинираат против коронавирус

119

Микропивара во Бафало, Њујорк, нуди бесплатно пиво за да ги охрабри луѓето кои се двоумат дали да ја примат вакцината, да се одлучат на тој чекор и да појдат во најблискиот центар за вакцинирање, а програмата постигнала исклучителен успех.

Здравствениот оддел на округот Ери и две локални пиварници склучиле ваков договор бидејќи, како што пишува британски „Гардијан“, многу региони ширум САД бележат нагло опаѓање на побарувачката за вакцини.

Според тој план, на посетителите им се нуди вакцината на Модерна против коронавирус со бесплатна чаша од 1 литар и купон за пијалак кој ќе го одбере вакцинираното лице.

Вториот пијалак доаѓа со втората доза, 4 недели подоцна.

„Еве добар поттик. Ако ова не успее, не знам што ќе успее“, изјавил минатата недела извршниот директор на округот, Марк Полонкарц за „Buffalo News“.

Полонкарз покажал слика од Хомер Симпсон со шише пиво.

„Важно е луѓето да се вакцинираат, а ако е потребно пиво за тоа, во ред. Ова е Бафало, ние го сакаме нашето пиво“, додал Полонкарц.

Неколку часа по отпочнување на програмата се вакцинирале околу 100 луѓе.

“Денес ќе вакцинираме повеќе луѓе со првата доза отколку што направија повеќето од нашите клиники во текот на целата минатата недела заедно. Тоа беше успех. Мислевме дека ќе биде прилично добро, но сега гледаме резултати”, рече Полонкарц.

Програмата доаѓа во време кога здравствените службеници активно размислуваат на разни поттици за зголемување на стапката за вакцинација со цел да се постигне колективен имунитет, што е ниво на масовна имунизација за кое националните здравствени експерти предупредуваат дека моментално е недостижно.

Извор: The Gardian.com