Бесплатни прегледи за жени – Општина Бутел организираше поинакво одбележување на 8-ми Март

114

По повод 8-ми Март меѓународниот ден на жените, Општина Бутел денеска организираше едно поинакво одбележување, со цел да се зголеми свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството.

Како што информираат од општина Бутел, денеска на три пункта лоцирани  пред општинската зграда во Бутел 1, пред трговскиот центар во Радишани и  пред Кам маркетот  во Скопје Север, од страна на доктори специјалисти  беа  прегледани над 250 жителки на општината.

Во прегледите беа вклучени испитувања на сатурација на кислород во крвта како и проверка на шеќер и маснотии.

Оваа пракса општина Бутел ја спроведува веќе четврта година, на еден поинаков начин за грижата за здравјето на жената.

Во склоп на активностите кои општината ги организираше, како што е наведено во соопштението, беа вклучени и предавања за самопреглед на жените и за неопходноста од редовното правење ЕХО, мамограф.

По повод празникот, во текот на утрешниот празник општина Бутел ќе организира специјалистички прегледи за сите жени вработени во општинската администрација.

-Грижата за здравјето на жената значи грижа за себе, и сметаме дека женското здравје не треба да ја засега само жената, туку целото општество, стои во соопштението од општина Бутел.